Екипата на Скопје забележа победа против екипата на Стружанка со минимални 29-28 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако на полувреме Стружанка имаше водство од 18-16, сепак во второто полувреме Скопје со подобра игра успеа да триумфира.
Најефикасна во екипата на Скопје беше Јана Равојска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Мендувие Далипоска со 11 гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷