Составот на Скопје забележа победа на гостувањето во Штип, кај екипата на Астибо со минимални 32-31 во Женската Супер лига.
Тимот на Скопје и на полувреме имаше минимално водство од 17-16. Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол, но на крај Скопје славеше победа против Астибо.
Најефикасни во тимот на Скопје беа Марија Стојановска и Наталија Максимовска со по седум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 16 гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷