Екипата на Скопје 2020 во последната секунда со гол славеше над екипата на Прилеп со минимални 23-22 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме натпреварот беше доста изедначен и двете екипи го менуваа водството. Истото темпо продолжи и во второто полувреме, но на крај со гол во последната секунда екипата на Скопје 2020 успеа да забележи победа против Прилеп.
Најефикасен кај екипата на Скопје 2020 беше Александар Василевски со пет гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Марио Гичево со седум гола.
(фото-Рк Скопје 2020)📷