Екипата на Скопје 2020 ја оствари втората победа во Суперлигата, откако на гостински терен го совлада Прилеп со минимални 26-27.
Во првото полувреме двете екипи играа гол за гол, но на полувреме Скопје го имаше водството од 14-15. Во вториот дел пак двете екипи се бореа гол за гол, но во последните секунди Скопје дојде до победа кај Прилеп.
Најефикасен во екипата на Прилеп беше Реваз Чантурија со 11 погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Леонид Киселовски со шест погодоци.
Рк Прилеп 26-27 Рк Скопје 2020
(фото-Рк Прилеп)📷