Екипата на Скопје 2020 оствари важна победа против Куманово со резултат 30-23 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Скопје 2020 од почетокот на натпреварот направи водство, па на пауза замина со предност од 19-13. Во второто полувреме Скопје 2020 продолжи со добрата игра, па на крај да слави победа против Куманово.
Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Марио Мишевски со 10 гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ со 11 гола.
(фото – Рк Скопје 2020)📷