Скопје 2020 го наполни голот на Бисинов Фруит Ленд во Купот на Македонија

Екипата на Скопје 2020 забележа висока победа против составот на Бисинов Фруит Ленд со резултат 47-17, и се пласираше во следната фаза од Купот на Македонија.

Скопје 2020 ја оправда фаворитската улога против Бисинов Фруит Ленд, уште кога на полувреме имаше предност од 24-9. Во вториот дел од натпреварот сите ракометари што беа во ростерот на Скопје 2020 добија шанса.

Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Далибор Блажевски со седум гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Панче Ристевски со шест гола.

(фото – Рк Скопје 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести