Екипата на Скопје 2020 го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода со резултат 28-26 за прва победа во Супер лигата.
Скопје 2020 на полувреме имаше предност од 14-11. Во второто полувреме Скопје 2020 продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен во екипата на Скопје 2020 беше Жарко Барјактаревиќ со шест гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со пет погодоци.
(фото-Рк Скопје 2020)📷