Тимот на Скопје 2020 славеше победа против Радовиш со конечни 28-24, и го заврши есенскиот дел во Супер лигата.
Скопје 2020 не му дозволи на Радовиш да го преземи водството на полувреме, па домашниот тим на полувреме замина со предност од 16-12. Во вториот дел Скопје 2020 одржуваше предност од два до три разлика, за на крај да забележи победа против Радовиш.
Најефикасен во составот на Скопје 2020 беше Велимир Грујовски со седум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Ангелче Органџиев исто така со седум гола.
(фото – Рк Скопје 2020)📷