Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 1. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата во машка конкуренција.
Дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го судат судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Делегати на овој натпревар ќе бидат Марјан Начевски и Ацо Николовски. Натпреварот се игра во сабота од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
(фото – Архива)📷