Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 9. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат натпреварот меѓу ППД Загреб и Пик Сегед.
Овој натпревар се игра на 29 ноември со почеток од 18:45 часот во Загреб (Хрватска), додека делегат ќе биде Томо Водопивец од Словенија.
(фото – Архива)📷