Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат четвртфинале од Лигата на шампионите во машка конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за првите натпревари од четвтфиналните средби во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Киелце и Магдебург, додека делегати ќе бидат Реибел од Франција и Вилангер од Норвешка.

Натпреварот меѓу екипите на Киелце и Магдебург се игра на 24 април од 18:45 часот во салата “Легионов” во Полска.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.