Славе Џалев го засили тимот на Младост Богданци

Младост Богданци за натпреварите од плеј-офот го доведе првото засилување сезонава се работи за искусниот 28 годишен пивот Славе Џалев поранешен играч на Партизан Гевгелија и Младост 09 кој потекнува од Богданци кој треба да ја засили одбраната, и со своето искуство да даде свежина во нападот, во тимот исто така по три месечна пауза се враќа и Стојан Наумовски кој треба да даде свежина на бековската позиција.

Клубот го продолжи договорот и со уште двајца играчи од првиот тим младинските репрезентативци Илија Чрчев и Душан Каркалашев кои ја продолжија верноста кон матичниот клуб кој сезонава ќе атакува на влез во Супер лигата, а се бори и за шампионската титула во Младинска лига..

Управата на клубот и понатаму се до крајот на преодниот рок продолжува со пополнување на играчкиот кадар и градење на конкурентен тим кој сезонава треба да обезбеди пласман во Супер лигата.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.