Екипата на ППД Загреб за нов тренер на тимот до крајот на сезоната го назначи Славко Голужа.
За Славко Голужа ова ќе биде трет мандат на клупата на хрватскиот шампион. Тој последно го водеше тимот на Татран Прешов до 2021 година.
“За почеток, се надевам на позитивен ефект. Во овој месец, кој останува до крајот на првиот дел од сезоната, ќе се обидеме да внесеме мали промени, па ќе видиме колку добро ќе се вклопи. Ситуацијата не е лесна, но мотивот е поголем, а јас имам голема мотивација”, – изјави Славко Голужа.

(фото – Рк ППД Загреб)📷