Славчо Шулески е ново засилување на Еурофарм Пелистер 2

Продолжува интенцијата на најдобрите млади ракометари од нашата земја да го носат „зелено-белиот“ дрес. Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2.

Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месец ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.

Неговото претставување во Битола е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *