Женската сениорска репрезентација на Македонија ја очекува дуел против Украина од бараж двомечот за пласман на СП 2023 година.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши влезот да биде бесплатен на овој натпревар. Првиот натпревар се игра во Скопје, во сабота во СЦ „Борис Трајковски“ во 19:00 часот.
Реваншот се игра три дена подоцна од 17:00 часот во градот Кишварда (Унгарија), каде домаќин ќе биде селекцијата на Украина.

(фото – РФМ)📷