Словенецот Домен Тајник во редовите на Еурофарм Пелистер

Тимот на Еурофарм Пелистер од денес има нов член во своето ракометно семејство. Малата словенечка колонија во градот Битола е побогата за средниот бек Домен Тајник.

Еурофарм Пелистер потпиша тригодишен договор со 22-годишниот Словенец, кој доаѓа во Битола од Горење Велење и ќе им се придружи на сонародниците Лесјак и Цехте.

Се работи за ракометар со високи спортски перформанси, па иако е млад, има искуство од европски натпревари и трофеи со поранешниот клуб. Тајник е роден во Словење Градец, висок е 183 сантиметри, а тежок 88 килограми. Целата кариера ја мина во Велење, а од сезоната 2017/18 е член на сениорската екипа.

Со Горење Велење стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Европската лига. Тајник беше МВП на словенечкиот шампионат во сезоната 2021/22 и на Купот и Суперкупо на Словенија истата сезона.

Домен Тајник ги мина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри.

Ракометарот деновиве ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалното претставување на Тајник во Еурофарм Пелистер е предвидено за крајот на август.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести