Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на Вардар 1961 и Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на Еурофарм Пелистер.
Исто така допис за промена на терминот има доставено и од Ракометниот клуб Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024:
Натпревар : Рк Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19:30 часот.
Натпревар : Рк Вардар 1961 – Рк Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19:30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19:00 часот.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷