Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска официјално се собира и ги започнува подготовките за настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска.
По неколкудневните тренинзи во Скопје, репрезентацијата ќе замине за Загреб, каде ќе ги продолжи подготовките и ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Хрватска.
Подготовките се дел од планот за што подобар настап на Европското првенство 2026, каде Македонија повторно ќе биде дел од најсилната европска ракометна елита.
(фото – РФМ)📷











