Екипата на Голден Арт, која во следната сезона ќе игра во Првата лига излезе со соопштение за натпреварот со Куманово.
Исто така во ова соопштение на Голден Арт се зборуваше и за младинските категории на клубот.
“РК Голден Арт минимално и неправедно поразен во Куманово.
Во натпреварот од 11 коло од суперлигашкиот плеј-ауто на гостински терен минимално бевме поразени од екипата на МРК Куманово со конечни 25-24. И повторно неправедно судење кон нашата екипа. На кого му пречи овој клуб, кој исклучително се бави со млади и МАКЕДОНСКИ играчи? Повторно криминални фаули врз нашата екипа, повторно (НЕ)судење на фаули кој можат да остават трајни последици на ракометарите, измислени престапи кои ги нема, манипулирање на преостанатото време од натпреварот и ред други судиски нереглураности. Основна задача на судиската двојка е да ги заштити играчите, како да се случи тоа кога судиите изгледаат како аматери на теренот. Дали еден судија може да си дозволи да упатува „пцофки“ до публиката? Во кој универзум е тоа дозволено, а не па на ракометен натпревар. Судиската двојка не носеше правилните одлуки туку она што им е наредено. За што играат нашите момци? Повторно и повторно сме мета на нерегуларно судење, дали е тоа во супер лигата, дали е во младинските категории. На кого му пречи овој клуб кои е 100% приватно финансиран? Факт е дека оваа полусезона, планот кој предходно бил договорен се исполнува, РК Голден Арт да ја напушти суперлигата. Дали на некому пречиме со тоа што воведовме нови стандарди и услови за клуб кои исклучително сака да работи со домашни и млади играчи? Ние како клуб ке продолжиме да се бориме за праведност во спортот, бидејќи ако нема правда во спортот нема ниту спорт. Мораме да ги пофалиме сите наши играчи во сите категории кои го даваат максимумот на секој натпревар и покрај судиските одлуки што им се досудуваат. Ракометот во Македонија е загрозен”, – стои во соопштението на Рк Голден Арт.
(фото – Рк Голден Арт)📷