Објавен е Ол Стар тимот на Европското првенство 2022 година во женска конкуренција.
За МВП на турнирот прогласена е ракометарката на Норвешка, Хени Рајстад. Во Ол Стар тимот се уште средниот бек Стине Офтедал, десното крило Јованка Радичевиќ, левото крило Ема Фрис, голманката Клеопатра Дарле и пикерот Паулета Фопа.
На позицијата лев бек е Кристина Неагу, додека десен бек е Катрин Клујбер, а за најдобар дефанзивец е избрана Катрин Хејндл.
(фото – ЕХФ)📷