Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.
Досегашниот голман кој што оваа сезона се закити со младински шампион на Македонија и воедно имаше одлични настапи во сениорската Супер лига за екипата на Металург Автокоманда го продолжи договорот и за следната сезона.
“Софи Гошевска важи за едни од најперспективни голмани во Македонија и поради нејзиот талент и одличните настапи ЖРК Металург Автокоманда ја задржа во своите редови”, – објавија од ЖРК Металург Автокоманда.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷