Екипата на Ѓорче Петров 2, која има високи амбиции во Женската Прва лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Софи Гошевска, која во вториот дел од сезоната ќе настапува за екипата на Ѓорче Петров 2.
Ракометарката Софи Гошевска исто така е и младинска репрезентативка на Македонија, а настапува на голманската позиција и доаѓа од редовите на Металург Автокоманда.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








