Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/2024

Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24.

На церемонијата, одржана во Голд Фелициа, присутни беа сите чинители на успешната сезона.

Клубот го анализираше постигнатото, се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.

Со пригодни подароци беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот. Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.