Тимот на Бисинов Фруит Ленд со храбра игра стигна до првиот триумф во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Јехона со 39-36.
Составот на Јехона ја имаше предноста на полувреме од 21-18. Во второто полувреме тимот на Бисинов Фруит Ленд направи пресврт, за на крај да слави против Јехона.
Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Мартин Иванов со 11 погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Мојсие Тасески исто така со 11 погодоци.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷