Екипата на Спартак забележа победа против тимот на Стружанка со 32-30 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Спартак на пауза имаше предност од 17-11. Во второто полувреме Стружанка се обидуваше да се врати во игра, но немаше сили за сензација.
Најефикасна кај Спартак беше Мила Мемов со 10 гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Мендувие Далипоска со 8 гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷