Ракометарките на Спартак ја остварија првата победа во Женската Супер лига, откако на гостински терен ја совладаа екипата на Астибо со 27-23 во 2. коло од плеј-аутот.
Тимот на Спартак добро го започна натпреварот, па на пауза успеа да замине со предност од 18-13. Во второто полувреме Спартак ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот, и триумфираше против Астибо.
Најефикасна во тимот на Спартак беше Јана Ѓошевска со девет гола, додека кај екипата на Астибо најефикасен беше Марија Анчева со 12 гола.
(фото – ЖРК Спартак) 📷