Спартак се радуваше на победа против Ѓорче Петров 2

Екипата на Спартак забележа победа против екипата на Ѓорче Петров 2 со резултат 28-23 во плеј-аутот од Женската Супер лига.

Составот на Спартак и на полувреме имаше водство од 14-9, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави победа против Ѓорче Петров 2.

Најефикасна кај екипата на Спартак беше Зорица Андовска со осум гола, додека кај екипата на Ѓорче Петров 2 најефикасни беа Тара Аврамоска и Марија Димоска со по пет гола.

(фото – ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *