Екипата на Спартак триумфираше против екипата на Астибо со конечни 20-16 во 1. коло од плеј-аутот во Женската Супер лига.
Гостите од Скопје добро го започнаа натпреварот и на пауза заминаа со предност од 10-6. Во вториот дел Спартак го зголеми водството, и на крај забележа победа против Астибо од Штип.
Најдобар стрелец во екипата на Спартак беше Ангела Гроздановска со седум погодоци, додека кај екипата на Астибо најдобар стрелец беше Драгана Стојанова исто така со седум погодоци.
(фото-ЖРК Спартак)📷