Ракометарките на Спартак забележаа победа на гостувањето кај ракометарките на Астибо со конечни 30-26 во Женската Супер лига.
Иако на полувреме Астибо имаше водство со конечни 16-12, сепак во второто полувреме со добра игра и пресврт Спартак стигна до победа.
Најефикасни во редовите на Спартак беа Анастасија Николовска, Ива Божиноска и Сузана Зечевиќ со по седум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со осум гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷








