Ракометарките на Спартак забележаа победа на гостувањето кај екипата на Кузман Вардар со убедливи 25-33 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме Кузман Вардар добро парираше. Спартак на полувреме имаше предност од 12-13. Во второто полувреме Спартак ја зголеми разликата за на крај да слави убедливо против Кузман Вардар.
Најефикасна кај екипата на Спартак беше Антонија Радевска со осум погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со девет погодоци.
(фото-ЖРК Спартак)📷