Спасоје Гачевиќ: Во сабота не очекува натпревар против Охрид кој е многу важен за нас

Екипата на Тиквеш на домашен терен ја очекува дерби натпревар против тимот на Охрид во 15. коло од Супер лигата.

Ракометарот на Тиквеш, Спасоје Гачевиќ изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против екипата на Охрид.

“Во сабота не очекува натпревар против Охрид кој е многу важен за нас и за кој очекувам квалитетна и добра игра. Верувам дека нашата екипа ќе го даде максимумот на терен и ќе покаже карактер и желба потребна за победа, секако со поддршка од нашата публика и нашите навивачи Лозари кои се надевам дека во што поголем број ќе ни бидат ветер во грбот, во борбата за победа’’, – изјави ракометарот на Тиквеш, Спасоје Гачевиќ.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *