Во седумдесет години постоње во клубот проделифираа безброј големи имиња, авторитети, спортски работници. На свечена академија клубот им се заблагодари на еден мал дел од нив, оние кои репрезентираат цел еден циклус или цела една генерација.
“Им се поклонивме на поранешните претседатели, некои добија постхумни признанија, како нашиот почесен претседател Силјан Мицевски. Некои и денес од трибините навиваат за Пелистер. Благодарници добија и спортски работници, тренери, хроничари, легендарниот економ Дади и уште многу, многу други. На крај благодарница за најдобрата навивачка група „Чкембари“, која годинава исто како РК Пелистер слави јубилеј. Пред 40 години токму пред еден ракометен натпревар се роди најстарата навивачка група во Македонија. И денес таа е верен наш сопатник”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷
















