Спогодбен раскин на Голден Арт и Никола Матлиески

Од екипата на Голден Арт на социјалните мрежи соопштија дека спогодбено е прекината соработката со тренерот Никола Матлиески.

Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија.

“Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески. Од името на клубот му благодариме на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани”, – стои во соопштението на Рк Голден Арт.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести