Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар против тимот на Прилеп на гостински терен во машката Супер лига.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Срѓан Мијатовиќ, каде изјави дека неговата екипа ќе атакува на победа.
“Прилеп оваа сезона покажа дека е сериозна екипа и дека може да игра со сите. Во добра форма се и играат дома пред домашната публика, што им дава дополнителен ветер во грбот. Сепак, ние добро се подготвивме и трениравме, затоа и очекувам дека ќе се вратиме на победничкиот пат. Направивме добра анализа и со дополнителна мотивација и добра атмосфера одиме на победа, како и секогаш до сега”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Срѓан Мијатовиќ.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷