Десниот бек на Мешков Брест и на репрезентацијата на Чешка, Станислав Кашпарек си заминува од белорускиот тим Мешков Брест и се сели во редовите на романскиот тим Динамо Букурешт.
Станислав Кашпарек кој има 25 години и настапува на позицијата десно крило со екипата на Динамо Букурешт потпиша договор на две години.
„Кога ја добив понудата од Динамо Букурешт, не се двоумев. Одлуката беше јасна. Ми претставија амбициозен проект, со нови играчи, предводени од легендарниот тренер Чави Пасквал. Пред мене е нов спортски предизвик. Динамо има големи амбиции и среќен сум што сум дел од овој проект. Со нетрпение ја очекувам неверојатната атмосфера на навивачите на Динамо, ги видов натпреварите одиграни со одлични екипи и атмосферата во салата беше одлична. Мислам дека можеме да направиме големи работи заедно“, – изјави Станислав Кашпарек.


(фото-Рк Динамо Букурешт)📷