Стерјев: Оваа генерација на Еурофарм Пелистер имаше голема шанса за уште еден трофеј

Претседателот Зоран Стерјев за крај на сезоната 2021/22 им се обрати на ракометарите на двете екипи и спортските работници во екипата на Еурофарм Пелистер и на сите им се заблагодари за досега сработеното во клубот.

“Помина и оваа сезона во која имавме порази кои болеа, но имавме и повеќе среќни моменти. Оваа генерација на Еурофарм Пелистер имаше голема шанса, покрај еден трофеј, кој после долги години дојде во Битола, да освои барем уште еден трофеј. Имавме квалитет и можности, но нешто друго недостигаше. Останува неспорен фактот дека после долго време Еурофарм Пелистер полни сали секаде каде настапува, во Битола, во Скопје, Белград, Франција, Швајцарија… Тоа е еден знак дека работите одат во нагорна линиjа, во добар правец. Како клуб, но и како индивидуи мора да бидеме поуспешни.

Еурофарм Пелистер 2 ги надмина очекувањата кои што секој од нас ги имаше на почетокот со пласман прво во плеј-оф, а потоа и целосно заслужено во Европа. Цела сезона одигравте машки, борбено, на високо ниво и на сите им докажавте дека го заслужувате тоа место. Тоа создава посебна гордост”, – изјави претседателот Зоран Стерјев.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести