Македонскиот интернационалец Стефан Атанасовски го напушти тимот на Раховец од Косово и во продолжението од сезоната ќе има нов клуб.
Оваа вест беше објавена на социјалните мрежи на Раховец, каде тимот и Стефан Атанасовски спогодбено го раскинале договорот.
“Се заблагодаруваме на Стефан за придонесот, сериозноста и професионалноста во овој дел од сезоната и му посакуваме многу успех во кариерата”, – објавија од Рк Раховец.
(фото – Рк Раховец)📷