Тинекс Пролет продолжува со засилувањата за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, па по потписот на десното крило Стоилевски нов член на клубот од денеска е и Стефан Атанасовски.
Станува збор за 25-годишен ракометар кој настапува на позицијата пивот и импресионира со својата корпулентност со која им создава големи проблеми на противниците во одбраната.
Тој ја почна сезонава во тимот на Раховец во косовскиот шампионат, имаше одлични партии и резултати со оваа екипа, но по заминувањето на македонскиот стратег Андоновски од кормилото и самиот Атанасовски реши да го напушти овој клуб.
Тој претходно има настапувано и во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, а кариерата ја почна во школата на Вардар, настапуваше за втората екипа, а нешто подоцна и за првиот тим на скопските „црвено-црни“.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷