Стефан Дрогришки во новата сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 доведе уште едно искусно име за натпреварите во Првата лига, во сезоната 2024/25.

29-годишниот поранешен репрезентативец Стефан Дрогришки е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денес стави потпис на двегодишен договор со својот матичен клуб.

Дрогришки доаѓа од Охрид, а во својата кариера настапуваше за Металург, Тиквеш и тимот на Охрид.

Официјалното претставување на Дрогришки е предвидено за почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести