Стефан Дрогришки: Не чека тежок натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2

Викендов почува 1. коло од плеј-офот во машката Супер лига. Екипата на Охрид гостува во Битола, кај тимот на Еурофарм Пелистер 2.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Стефан Дрогришки, каде очекува позитивен резултат против битолскиот тим.

“Не чека тежок натпревар. Противникот ќе биде мотивиран. Екипата е составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Во преодниот рок Еурофарм Пелистер 2 направи промени во составот и не знаеме со што располагаат во моментов. Ме радува нашата форма од подготвителниот дел и физичката подготвеност на екипата. Очекувам максимална борба од моите соиграчи и се надевам на позитивен исход од натпреварот”, – изјави Стефан Дрогришки.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести