Прво засилување за гладијаторите за плеј-оф натпреварите е ракометарот Стефан Дрогришки, кој доаѓа од Тиквеш.
Дрогришки со екипата на Охрид потпиша договор до 2024 година. Тој доаѓа по една и пол сезона мината во ГРК Тиквеш 2014, а пред тоа има настапувано за Еурофарм, Металург и Пелистер. Има 11 официјални настапи за македонската репрезентација.
“Нов член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид. Особено задоволство ни е што денес можеме да го претставиме #10 Стефан Дрогришки”, – изјавија од ГРК Охрид.


(фото – ГРК Охрид)📷