Стефан Дрогришки: Се надевам дека ќе бидеме сведоци на уште еден празник на ракометот во Охрид

Екипата на Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер во натпревар од 10. коло од плеј-офот од Супер лигата.

Гостувањето на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер мотив повеќе за уште една добра ракометна претстава на “Гладијаторите”. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Стефан Дрогришки.

“Позади нас е една добра серија на победи кои се остварени со напорна работа што ни дава право да се надеваме на позитивни резултати и во останатиот дел од првенството. Еурофарм Пелистер е се уште актуелен шампион на Македонија што ни дава мотив плус за надигрување. Очекувам поддршка од домашната публика и се надевам ќе бидеме сведоци на уште еден празник на ракометот во Охрид”, – изјави Стефан Дрогришки од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести