Стефан Крстевски е нов ракометар на Бутел Скопје

Организаторот на играта Стефан Крстевски е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша договор на една сезона со тимот на Бутел Скопје.

Стефан Крстевски кој има 23 години и настапува на позицијата среден бек (189/83) доаѓа од шампионот Вардар, со кој вчера ја освои титулата во Суперлигата.

„Мојата одлука да се преселам во тимот на Бутел Скопје беше исклучително лесна. Гледам голем простор за мојот напредок како играч во овој амбициозен клуб. Со повеќето играчи сум играл во минатото и мислам дека токму тие ќе бидат од голема помош во моето вклопување и адаптација во тимот. Бутел има големи амбиции и очекувам уште една успешна сезона, како во македонските конкуренции, така и на меѓународна сцена“, изјави Крстевски.

Средниот бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020, една сезона играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој играше и во Лигата на шампионите.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести