Стефан Лазаревски е нов ракометар на Куманово

Екипата на Куманово продолжува да се засилува за продолжението од сезоната во Супер лигата, откако се засили со пикерот Стефан Лазаревски.

Играчот кој е роден 2007 година е ученик во трета година на ракометната академија и игра на пикерската позиција.

Во својата кариера бил дел од младински категории на Драчево, Будимир , Аеродром, Вардар и Голден Арт, каде во својата возрасна категорија бележи одлични настапи и игра на високо ниво на ракометните терени.

Ракометарот и пикерот Стефан Лазаревски е висок 183 сантиметри и тежок 100 килограми.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *