Одличната сезона во сите категории на Еурофарм Пелистер обврзува да продолжи со развојот и со екипирањето.
Посебен акцент се става на младите категории и генерацијата која стигна до самите европски врвови.
Младото лево крило Стефан Лазаревски се обврза на четиригодишен договор со клубот и следната сезона ќе биде дел од новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.
Лазаревски е дел од тимот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кој е кадетски шампион, младински вицешампион на Македонија и се пласира на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.
Младото лево крило ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 во третата недела од месец јули.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷