Стефан Петриќ две години во дресот на Вардар 1961!

Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ, кој има 22 години во следните две сезони ќе биде член на Вардар 1961.

Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ кој својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“. Наскоро ќе следуваат и нови засилувања и потврда на играчите што ќе настапуваат во иднина во Вардар.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести