Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата промовираше нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Стефан Петриќ, кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на Вардар.
24 годишниот лев бек (197цм) по две години поминати во тимот на Вардар 1961 потпиша за “Гладијаторите” за сезоната 2025/2026.
Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија.
(фото – ГРК Охрид)📷