Стефан Стојчевиќ го продолжи договорот со Бутел Скопје

Младиот и надежен кружен напаѓач Стефан Стојчевиќ, и во наредната сезона ќе го носи дресот на Бутел Скопје.

Стојчевиќ, кој е младински репрезентативец на Македонија, ќе го сочинува триото на пивот заедно со искусните Кристијан Василевски и Владимир Јевтиќ, откако капитенот Бојан Спасовски ја заврши кариерата.

“Јас сум многу задоволен што имам чест да играм во клуб како што е Бутел Скопје. Овде научив многу од поискусните соиграчи и тие ми пружија максимална поддршка. Не е лесно да се игра во толку амбициозен клуб, шансите кои се добиваат мора да се искористат бидејќи на секој натпревар се оди на победа. Се решив да останам бидејќи сметам дека во овој момент од мојата кариера во Бутел можам да напредувам најмногу и да имам можност за докажување,” – изјави Стојчевиќ.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести