Тинекс Пролет го комплетираше првиот трансфер во пресрет на новата сезона, потпишувајќи двегодишен договор со Стефан Стојчевиќ.
Овој перспективен пивот доаѓа од редовите на Алкалоид, каде не доби премногу голема минутажа по ланскиот трансфер од таборот на Бутел.
Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој ќе биде од голема помош во нападот и во одбраната, покривајќи ја пивотменската позиција што остана испразнета по заминувањата на Арсеновски и на Крстевски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷