Голманот на екипата на Прилеп, Стефан Христоски, кој има 20 години го засили тимот на Партизан од Србија.
Христоски за тимот на Партизан, ќе настапува во домашната лига и во СЕХА лигата. Тој првите чекори во ракометот ги направи во тимот на Макалоски, настапуваше и за Охрид, а и за тимот на Прилеп од каде и пристигна во Партизан.
Македонскиот голман најверојатно ќе дебитира за Партизан на 15 март, каде екипата ја очекува натпревар со Црвена Звезда во домашната лига.

(фото – Инстаграм/Стефан Христоски)📷